Филм и мрачна биографија: Џорџ Мајкл последните години од животот ги поминувал со дрога, брза храна и мажи

5 mins read

Долгонајавуваниот долгометражен документарен филм „George Michael Freedom Uncut“ наскоро пристигнува во кината ширум светот. Овластениот биографски филм раскажан од обожаваниот пејач Џорџ Мајкл кој почина во 2016 година, на 53-годишна возраст им ветува на фановите часови невидени домашни снимки и интервјуа со пријателите, вклучувајќи ги Елтон Џон, Рики Џервејс и Кејт Мос.

Завршувањето на проектот се одолговлекуваше повеќе од половина деценија, бидејќи беше ставен во мирување откако почина Џорџ Мајкл. Филмот е опишан како негов „проект од соништата“ и „потресна и трогателна чест“.

Според трејлерот, може да се заклучи дека филмот нуди едностран поглед на пејачот кој продаде 130 милиони плочи, бидејќи неговиот живот бил проблематичен. Приказната се фокусира на 1980-тите и раните 1990-ти, кога Џорџ Мајкл беше на врвот на својата кариера. Покрај филмот, пристигнува и исцрпната биографија напишана од Џејмс Гевин кој ќе проектира сосема поинаква слика за британската суперѕвезда.

Според угледниот музички новинар и писател, легендарниот пејач бил „измачена душа“ која со децении се втурнувала сè подлабоко во светот на зависностите од дрога и разни сексуални активности кои резултирале со самоубиство. Тој цело време се обидуваше да ја скрие својата сексуалност од надворешниот свет. Гевин разговарал со повеќе од 200 пријатели и познаници на ѕвездата за објавувањето на „George Michael: Life“.

Гевин, според „Daily Mail“, го портретирал Мајкл како емотивно кревок човек, измачуван од несигурноста. Тој остро пишува за таткото на Џорџ, Џек, тврдокорен имигрант, кипарски Грк во Британија, кој сè уште е жив и кој, според пријателите, никогаш не го прифатил фактот дека неговиот син е геј, додека неговата мајка веројатно отсекогаш знаела сè и секогаш му била голема поддршка. Во книгата се открива дека мајката на Џорџ Мајкл имала брат кој бил геј и извршил самоубиство.

„Внатрешниот конфликт што постојано се случуваше кај Џорџ, сознанието дека е геј, но за тоа ги лажеше сите, вклучително и својот татко, беше коренот на сè што се случи подоцна“, „Дејли Мејл“ цитира еден пријател на Мајкл кој зборува во книгата. Како заклучок во книгата се наведува дека Мајкл умрел како „патетичен, осамен, скршен лик“ кој се борел со несигурноста и покрај ласкањето.

Еден од најгламурозните мажи во музичкиот бизнис ги поминал последните денови како осаменик, пиејќи, јадејќи брза храна и во друштво со машки проститутки во неговата вила во северен Лондон. Со часови и денови гледал епизоди од неговата омилена сапуница „Coronation Street“ и јадел сладолед „Haagen-Dazs“. Креативноста исчезнала, гласот му се уништил од дрогата и цигарите.

Во книгата се тврди дека Мајкл можеби не умрел на 25 декември 2016 година од срцева слабост, како што е објавено, туку си го одзел животот ден претходно, на годишнината од смртта на неговата сакана мајка Лесли. Гевин во книгата пишува дека многу пријатели на пејачот веруваат во приказната за предозирањето, но неговата прерана смрт се припишува на нездравиот начин на живот (токсиколошкиот наод никогаш не стигна до јавноста). Аутопсијата утврдила дека тој починал од проблеми со црниот дроб и срцето.

Гевин исто така наведува дека огромното его на Џорџ довело до распаѓање на „Wham!“ и прекинување на пријателството со Ендру Риџли кое траеше од нивниот 12-ти роденден. Џорџ Мајкл потоа повторно преговарал за хонорарите за нивниот хит „Careless Whisper“ барајќи поголема сума за себе.

Тој ја напишал песната како 17-годишен, но и двајцата беа потпишани за наводно да му дадат на Ендру некаква финансиска сигурност. Поранешниот менаџер на „Wham!“, Сајмон Непиер-Бел во книгата открил дека Џорџ сакал најголем дел од парите од песната.

Биографијата детално ја обработува хомосексуалноста на пејачот, која тој ја криел со години, додека ПР тимот (за заштита на неговиот имиџ како секс симбол) му обезбедил дами како актерката Брук Шилдс и манекенката Кети. Но, во приватноста, Џорџ се препуштал на ризични сексуални средби, а во секој град што ќе се најдел барал партнери, најчесто платени. Меѓу другото, книгата открива дека музичарот бил толку параноичен што знаел да резервира цел ресторан за да може сам да вечера во него.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лазаров без Манасков и Томовски на Медитеранските игри

Следно

На 20 август тетовци ќе избираат нови советници?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian