Австралија е последниот учесник на Мундијалот во Катар, во пенал серијата го победи Перу

1 min read

Селекцијата на Австралија преку драматична пенал завршница обезбеди пласман на Светското првенство што во ноември и декември ќе се игра во Катар.

Австралија и Перу играа во последниот интенконтинентален бараж натпревар, големиот влог ги натера двете репрезентации да бидат претпазливи и повеќе да мислат на одбрана на сопствениот гол, отколку да ја затресат противничката мрежа. Поради таквиот пристап, регуларниот дел и продолженијата од по 15 минути поминаа без изгледни шанси, поради што победникот мораше да биде одлучен преку пенал рулетот.

Во пенал серијата, Австралијанците лошо тргна бидејќи ударот на Мартин Бојл беше одбранет од голманот на Перу, Педро Гаљесе. Наредните четири пенали, по два на двете селекции беа успешно изведени, по што во третата серија Перуанците ја загубија предноста откако Адвинсула ја погоди стативата.

Во наредните две серии и двете селекции беа прецизни за 4:4. Во шестата серија, Мејбил погоди за Австралија, по што следуваше шутот на Валера кој беше одбранет од голманот на „кенгурите“ Ендрју Редмејн, што значеше петто учество по ред на Мундијалите за Австралија.

Австралија на СП во Катар ќе игра во групата Д заедно со селекциите на Франција, Данска и Тунис. Интересно е што на претходниот Мундијал, Франција, Данска и Австралија играа во иста група, а четвртата селекција беше Перу.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хоџај: Косово треба да се откаже од изолација и да стане дел од „Отворен Балкан“

Следно

ВИДЕО | Сопственичка поставила камери за да открие што прави нејзиното куче кога ќе остане само дома

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian