Џаферовиќ: Документот од Брисел е добар, кризата треба да заврши

4 mins read

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ денеска оцени дека документот усвоен во Брисел е добар, дека придонесува за стабилизирање на ситуацијата и европскиот пат на Босна и Херцеговина и повика да се стави крај на кризата.

„Сосема е јасно кои пораки се вградени во (бриселскиот) документ и не сакам да ја искористам оваа можност за некаков триумфализам. Мора да се биде одговорен. Многу е важно што Босна и Херцеговина, по една година тешка криза, испрати позитивен сигнал до шефовите на држави и влади на Европската унија, пред историскиот самит што ќе се одржи на 23 јуни на кој ќе се разговара за иднината на Европска перспектива на Западен Балкан“, изјави Џаферовиќ, пренесува порталот „Кликс“.

Тој посочи дека би било многу лошо да видиме „не успеавме да се договориме“ во пресрет на 23 јуни, бидејќи тоа ќе испрати депресивна порака, која би била во корист на оние кои тврдат дека не е можен чекор напред во Босна и Херцеговина и дека санкциите само дополнително ја компликуваат ситуацијата.

„Очигледно, американските и британските санкции отворија простор за дијалог. По повеќе од една година тешки дискусии за надлежностите на државата, овој документ конечно ни даде можност да се свртиме кон конструктивни дискусии за реформите кои ќе не доближат до стандардите на Европската унија“, рече Џаферовиќ.

Претседавачот на Претседателството на БиХ посочи дека институциите мора да бидат пофункционални.

„Претседателот (на Европскиот совет Шарл) Мишел го нарече овој договор патоказ за реформи, што не е случајно. Треба да се запомни дека првата ваква карта беше донесена во 2000 година и врз основа на тоа спроведовме бројни реформи, го подобривме институционалниот систем и склучивме Спогодба за стабилизација и асоцијација. Овој договор е шанса да се направат нови реформи, да се направи земјата подобра и посредена и конечно да се добие статус на кандидат за членство во ЕУ“, заклучува Џаферовиќ.

Во Брисел синоќа беше прифатен политичкиот договор на лидерите на БиХ, кој се однесува на функционирањето на БиХ. Претставниците на БиХ го прифатија, на Република Српска – половично, а властите на Федерацијата БиХ го одбија.

Повеќето од учесниците на состанокот во Брисел, кој траеше повеќе од осум часа, го прифатија документот: Политички договор за принципите за обезбедување на функционална БиХ. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, собра 12 од 15 поканети лидери на парламентарните партии во БиХ, со цел да се постигне договор за клучните прашања за функционирањето на БиХ.

Прифатениот документ, за кој усно се изјаснуваа политичарите, ја повторува својата посветеност за зачувување на стабилна, суверена, независна и функционална БиХ и ја изразува својата посветеност на реформите, особено оние кои ја промовираат европската интеграција на БиХ. Документот, исто така, обврзува на почитување на принципот на владеење на правото и спроведување слободни и демократски избори. Нагласена е важноста од спроведувањето на реформите кои ја унапредуваат европската интеграција на БиХ.

Мирот и стабилноста, мисијата на Алтеа, спроведувањето на октомвриските избори, усвојувањето на законот за Високиот судски и обвинителски совет најдоцна шест месеци по изборите, се главните цели на документот.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Турското вето за проширување на НАТО беше изненадување, рече Столтенберг за „Фајненшл тајмс“

Следно

Халанд: Цел живот сум навивач на Сити, тука се чувствувам како дома

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian