ВИДЕО | Верници во Фанар: Сведочиме историски чин, нашата Охридска архиепископија повторно блеска

1 min read

Историски чин, значаен за идните генерации – вака бројни верници од земјава, присутни на синодалната литургија во Истанбул ја опишуваат денешната заедничка света литургија која ја сослужуаат вселенскиот патријарх Вартоломеј и архиепископот охридски и македонски Стефан, со владици од двете цркви.

„Радоста е толку голема колку зборовите на псалмопевецот Давид, каде што кажува дека Господ го создаде овој ден да се радуваме и веселиме во него. Особено кога гледаме како нашата Охридска Арјиепископија одново блеска“, порача една од присутните вернички.

„Денеска дојдовме овде да го сведочиме овој историски момент за нашата Охридска архиепископија. Јас сум од Охрид , среќна сум што денес можам да го сведочам за нашиве идни генерации овој историски момент“, изјави верничка во Фанар.

„Денес се исполни празникот на педестницата и ни засветли голема радост и на нас и нашата Охридска Архиепископија од тука , од окото на вселената, од градот на мајката божја, од Вселенската патријаршија која е возглавена од неховата сесветост, патријархот константинополски, г.г. Вартоломеј. Неизмерна е нашата радост и благодарност“, порача верник присутен на литургијата.

Сослужувањето на патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан во соборниот храм „Свети Георгиј Победоносец“ во Фанар (Истанбул) се одвива и на македонски јазик што само по себе е историски чин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Искористете ја сезоната на јагоди: Рецепт за мини галети совршени за во лето

Следно

Бројот на украински бегалци во Полска надмина четири милиони

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian