Видео и фотки со дрон од Скопската железничка, Портата на Скопје е оставена на забот на времето

1 min read

Откако во скопскиот земјотрес од 1963 година старата Железничка станица била драстично оштетена, во годините кои следувале Скопје добил разни проекти за нови градби. Таков бил и проектот за јапонскиот архитект Кензо Танге за нова железничка станица, кој сепак не бил остварен според неговите планови. Целосниот проект била мега структура наречена Градска порта чиј составен дел била и железницата.

Старата железничка и натаму се користела сѐ до денешниот ден кога во во 11:30 часот заминал последниот воз со што таа станица заминала во историјата. Зградата на станицата, која земјотресот драстично ја уништил, од 197о година служи како Музеј на Град Скопје. Потоа, во 12:35 часот пристигнал првиот воз на новата Железничка станица со што бил означен почеток на една нова ера.

Железничката е дел од комплексот наречен Транспортен центар и се наоѓа помеѓу населбите Пролет и Маџир Маало од една и Мичурин и Острово од друга страна. Има 10 колосеци поставени на масивен бетонски мост, долг 2 километра. Изградена е во бруталистички стил и се градела 10 години.

За жал денес железничкиот сообраќај е заборавен од државата и народот не ги ползува придобивките од ефикасен железнички транспорт. Скопската Железничка станица е оставена на забот на времето и функционира минимално.

skopjeinfo.mk

Претходно

Папата Франциск се извини што ја откажа посетата на Африка

Следно

Медведев од утре ќе биде прв најдобар тенисер на светот, а денеска загуби од 205 играч на ранг-листата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian