Српскиот пејач Енвер Мики Колашинац убиен во Холандија

1 min read

Српскиот пејач Енвер Мики Колашинац кој беше дел од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ бил убиен од непознат сторител во саботата наутро во Холандија со неколку истрели од огнено оружје, пренесуваат српските медиуми.

Колашинац живеел во Нови Пазар, Србија а повремено престојувал и во Холандија и Австрија. Веста за убиството ја потврди и неговото семејство.

„Брате мој, ја добив веста дека прерано нè напушти, дека те убиле некои проклетници. Мојата душа е скршена. Ме остави, но засекогаш ќе бидеш во моето срце. Сега си со нашиот татко“, напишала Ајша, сестрата на починатиот Енвер.

Засега не се познати причините за убиството.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неверојатна приказна: Пред четири години беше продавач на пазар, а сега е херој на Италија

Следно

Гибралтар идеален противник за фудбалерите за поправање на впечатокот по поразот од Грузија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian