СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Возете внимателно – влажни коловози и можни одрони

1 min read

Патниот правец Росоман – Прилеп денес е отворен за сообраќај за сите видови на возила, откако вчера се работеше на отстранување на поголеми одрони пораки кои патот речиси 9 часа беше затворен.

Согласно одобрението издадено од страна на Министерството за Транспорт и Врски, “ВИАДУКТ ТРЕЈД” ДООЕЛ Гостивар известува дека почнувајќи од вторник 14.06.2022 година од 10 до 14 часот, во наредните 45 дена ќе се воспостави времен режим на сообраќај за фаза асфалтирање за објект Рехабилитација на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница. Поточно, во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови – Жировница во делот од брана Маврови Анови до Ресторан Трница. Изведувањето на градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД, Гостивар

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Наоми Кемпбел доживеала непријатна случка на аеродромот во Софија: Причината е расизам?

Следно

Македонските фудбалери ја пречекуваат репрезентацијата на Гибралтар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian