„Слободен печат“: Македонската црква во канонско единство со останатиот православен свет

3 mins read

Во најновиот број на весникот „Слободен печат“ читајте:

Димитар Ковачевски и Олаф Шолц / Фото: МИА

Хроника

Германскиот канцелар во обид да се најде решение за спорот – „Соло-продор“ на Шолц против бугарската блокада

– Германија разбира дека не е лесно да се надминат историските разлики меѓу соседните држави, но нејзиното искуство покажува дека е добро за сите кога ќе се надмине недовербата и ќе се изградат пријателски односи со соседите – истакна Шолц во Софија.

Патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан / Фото МИА

Македонската црква во канонско единство со останатиот православен свет – Историски чин за ОА – Македонска богослужба во Фанар, Истанбул!

– Веруваме дека овој настан значи потполно разбирање од ваша страна за големината на дарот на Мајката Црква кон вашиот народ, но и за одговорноста која ја понесувате, влегувајќи од денес во Сеправославниот Свет – рече патријархот Вартоломеј по заедничката богослужба.

Се предлагаат измени во Закон за бранители – По милион денари за семејство на загинат бранител

– Предлагачот Стојанче Ангелов од Достонство лично ќе бара поддршка за законското решение од претседателот на Собранието Талат Џафери, кој во првиот обид пред 10 години, како пратеник, читаше поезија од Ацо Шопов за да го блокира иститпредлогот за бранителите.

Економија

Бајрам Реџепи, директор на Националните енергетски ресурси
Бајрам Реџепи, директор на Националните енергетски ресурси / Утрински брифинг

Бајрам Реџепи, директор на Националните енергетски ресурси – Немаме проблем со снабдување со гас

– Енергетската ситуација е прилично комплексна, но секако е решлива. Не би сакал да кажам дека нема решение за ваквата состојба, особено ако ги гледаме другите текови, другите гасоводи по кои се снабдува ЕУ, односно поголемиот дел од Европа, вели Реџепи.

Скопје

Град Скопје даде амин – Наместо згради во Реонскиот центар ќе се гради парк на 6.000 квадратни метри

Со одлуката на Советот за потврдување на иницијативата поднесена од Општината, конечно се создаваат правните предуслови за отпочнување на процесот за изградба на Спортскиот центар „Пирин“ во населба Лисиче.

Свет

Воинствена реторика на кинескиот министер за одбрана –Прогласувањето независност на Тајван ќе му донесе војна со Пекинг

– Кинескиот министер за одбрана Веи Фенге се закани со воена акција доколку Тајпеј прогласи независност, додека американскиот секретар за одбрана ги осуди „дестабилизирачките“ потези на Пекинг.

Спорт

Генерално собрание на Европските олимписки комитети во Скопје – Повик да се градат мостови, а не да се подигаат ѕидови

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет Томас Бах зборуваше дека  треба да се сочуваат фундменталните вредности на олимпиското движење во овие тешки времиња.

Во овој број и посебниот енигматски прилог „Енигмо“ на осум страници

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Инцидент на концерт на Хари Стајлс во Глазгов: Обожавател паднал од трибините во публиката

Следно

Папата Франциск се извини што ја откажа посетата на Африка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian