Што им носи супер полната месечина на хороскопските знаци: Подгответе се за трансформации во животот

4 mins read

Полната месечина во Стрелец на 14 јуни ќе биде исклучително блиску до Земјата, па многумина ја нарекуваат и супер полна месечина. Оваа полна месечина ќе ни влијае повеќе обично, а астролозите велат дека на хороскопските знаци ги очекува завршување на проекти, детоксикација и укинување на работите кои повеќе не ни служат за нашиот најголем раст или добро.

Оваа супер полна месечина носи исклучително моќна трансформативна енергија која ќе ни помогне да се ослободиме од сè што повеќе не ни служи. Бидејќи промената никогаш не е лесна, можеме да се чувствуваме збунети и несигурни, во ред е да си земете време за да си го расчитите умот и да продолжите да се фокусирате на целите.

Нептун, планетата на илузијата и конфузијата, е многу активна за време на оваа полна месечина – ќе се создаде „магла“ што ќе го отежнува процесот на разбирање или прифаќање на многу работи во животот. Но, Нептун носи и една добра работа, а тоа е поврзувањето со нашата интуиција. Тој внатрешен глас што ни „шепоти“ одвнатре може да открие некои важни насоки за иднината.

Што им носи ретроградниот Сатурн во Водолија на сите хороскопски знаци

Понекогаш може да биде тешко да се разликува интуитивно чувство од страв или несигурност, но тоа е во ред. Само дајте си време. Обидете се да се движите полека, а ако треба да донесете одлука, само работете со она што го имате и верувајте во своите способности – често сме многу поинтуитивни отколку што мислиме!

Бидејќи полната Месечина е во знакот на Стрелец ќе научиме и доживееме многу нови работи во животот. Поврзете се со вибрациите на Стрелецот за да го одржите чувството на чудење и запомнете дека животот е навистина авантура.

Некои поглавја во животот можеби се потешки од други, но сето тоа е искуство и не морате постојано да ги сфаќате работите толку сериозно. Енергијата на Стрелецот потсетува дека е важно да ја пронајдете вашата радост, да одвоите време за игра, да бидете присутни и да барате леснотија во сè што може да донесе животот.

Јуни им носи многу среќа на неколку хороскопски знаци: Отворете ја вратата на љубовта и успехот!

Што ве прави среќни? Што ви носи радост? Како можете да го подобрите вашиот живот? Истражувајќи ги овие прашања, ќе почнете да работите со оваа енергија на полната месечина на попродуктивен и позначаен начин. Овие прашања дури можат да ви помогнат да излезете од „маглата“ и конфузијата и да стигнете до посреќно место самите со себе.

Веројатно сте се соочиле со голем број предизвици и промени во последните неколку месеци. Оваа полна месечина е можност за оддишка од секоја длабока, тешка внатрешна битка и едноставно да бидеме свои и да дозволиме да се радуваме на некои момени.

Идеално време е да се ослободите од секоја напнатост, лутина или неодлучност и да си дозволите да најдете време за забава. И кога некои работи ќе излезат од колосек, не ги сфаќајте премногу сериозно. Вдишете длабоко, сè може да се реши.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Медведев од утре ќе биде прв најдобар тенисер на светот, а денеска загуби од 205 играч на ранг-листата

Следно

Пендаровски: Денеска бевме сведоци на историски чин за нашата македонска национална историја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian