„Се пиеше „шприцер“ и „бунар“ се јадеa Пилешки прсти и беше многу поубаво“ – скопјани го паметите ли ова време?

2 mins read

Помладите скопјани, оние кои се родени пред и во деведесетите години со носталгија се присетуваат на забавите до раните утрински часови, со хитови од поранешните ју простори. И покрај тоа што зборуваат за време кое не било толку многу одамна, таков тип на забави речиси и да ги нема. Во тоа време имаше неколку кафеани и дискотеки, кои не беа „ништо посебно“ во смисла на ентериер, но забавите во нив имаа посебен жар и посебна енергија.

Тогаш веројатно, не беше важно дали слушаш екс ју или пак актуелни странски хитови, важна беше убавата забава и доброто друштво.

Во кафаните се пиеше ракија, потоа „шприцер“ или „бунар“, се пиеше пиво и се јадеше пилешки прсти на кило. Се почнуваше во „Пузата хата“ или „Мома“ , се продолжуваше во „Колосеум“ и се завршуваше во „Македонска куќа – Опатија“ во Градски парк или во „Мементо“ кај Железничка. Така некако изгледаше една вечера во петок или сабота. Ова беше период кој траеше 2-3 години, но спомените се уште траат.

Имаше кафеани кои имаа своја приказна, дел од тие кафеани се уште постојат, а за останатите приказни со задоволство се раскажуваат. Многу има да се пишува на оваа тема, може да се зборува до сабајле или да се напише книга, велат скопјани. 

Тие ја паметат живата музика, гратисите и вотката со сомнителен квалитет, но тогаш никој не мислеше на пијачките сите се журкаа до сабајле. Некаде до 4 или 5 часот наутро, а потоа на свежо печиво во „Ла Делишс“, „Вегера“ на Рекорд „Тонис“ во Буњаковец или на лесковачка „Кај Вили“. Во меѓувреме се молиш да не те застане полиција, бидејќи имаш претерано со алкохол и се тешиш дека со храната ќе ја неговата концентрација во крвта. 

Го паметите ли вие ова време? Има ли некое друго место кое треба да го додадеме на листата?

skopjeinfo.mk

Претходно

Бројот на украински бегалци во Полска надмина четири милиони

Следно

Повеќе пријави за поставени бомби во трговски центри во Загреб

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian