Пушилин тврди дека е завршено деминирањето на Мариупол

1 min read

Воени експерти го завршија деминирањето на пристаништето Мариупол, соопшти денеска претседателот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) Денис Пушилин.

– Пристаништето е целосно исчистено од мини. Ова се однесува и на територијата и на водите, изјави Пушилин.

Тој информира дека се неутрализирани околу 12.000 експлозивни направи.

Според Пушилин, пристаништето веќе работи и за извоз и за увоз.

– Генерално, извозната компонента во рамките на пристаништето, како и досега, ќе биде металот, јагленот и житото. Што се однесува до увозот, основата е градежен материјал, кој ќе се доставува во големи количини во рамките на програмата за реконструкција на градовите на ДНР, рече тој.

kurir.mk

Претходно

Црвенковска: Преку дигитализација на системот до високи стандарди на ажурност и професионалност кај судовите

Следно

Бугарските социјалисти одлучија да останат во владејачката коалиција во земјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian