Принцот Хари сака извинување за третманот на платинестиот јубилеј, тврди кралски експерт

3 mins read

Експертот за кралското семејство и биограф, Анџела Левин, тврди дека принцот Хари бил многу вознемирен што тој и неговата сопруга Меган Маркл биле главно игнорирани од другите членови на кралското семејство на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата, пренесуваат странските медиуми.

„Принцот Хари е бесен, тој мисли дека треба да му се извинат што во голема мера беше игнориран на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата“, рекла Анџела.

меган маркл
Меган Маркл и Принц Хари / Фото: EPA-EFE/REMKO DE WAAL

Хари и Меган присуствуваа на само еден настан на прославата – службата за Денот на благодарноста во катедралата Сент Пол минатиот петок. Тие седеле во вториот ред од катедралата, спроти принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, но наводно не ни погледнаеле.

Исто така, двајцата браќа кои веќе некое време не се во сјајни односи, не се виделе приватно. Освен на церемонијата „Trooping the Color“, Хари и Меган не беа видени на ниту еден друг кралски настан.

Анџела, која една година заедно со Хари ја пишуваше неговата биографија истакна дека мисли дека принцот е апсолутно бесен.

„Мислам дека е многу вознемирен што во голема мера го игнорираа. Сè уште чувствува дека треба да му се извинат“, истакна таа.

меган маркл
Меган и Хари / Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Принцот Хари во интервјуто со Опра Винфри ја „начна“ таа тема

„Но, тој е тој што треба да се извини. Не можете да бидете толку груби со луѓето и да очекувате тие повторно да ви ги отворат срцата“, рече Хари минатата година за време на интервјуто со Опра Винфри, мислејќи на неговиот брат Вилијам.

Хари и Меган сакале фотографот да го овековечи моментот кога кралицата Елизабета првпат ја запознала нивната ќерка Лилибет. Девојчето, кое наполни една година во саботата, се сретна со својата прабаба минатиот викенд, откако им се придружи на родителите и братот Арчи на патувањето во Велика Британија. Сепак, според изворот, кралицата не сакала овој приватен момент да биде фотографиран.

„Хари и Меган сакаа нивниот фотограф да го овековечи моментот кога Лилибет ја запозна кралицата. Но, им беше кажано дека нема да се случи тоа. Тоа беше приватно семејно обединување“, изјавил неименуван извор за „The Sun“.

 

Повеќе написи на темата:

 

ФОТО | „Плукната“ на татко ѝ: Меган и Хари објавија фотографии од првиот роденден на Лилибет

Читачите од усни открија четири збора што Меган му ги кажа на Хари на прославата на јубилејот на кралицата

„Протокол си е протокол“: Принцот Хари и Меган успешно ги „избегнаа“ принцот Вилијам и Кејт

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фудбалерите со четири гола во мрежата на Гибралтар се извадија за поразот од Грузија

Следно

Маричиќ: Квалитетни судски реформи и дигитализација за европско и модерно судство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian