Повеќе пријави за поставени бомби во трговски центри во Загреб

1 min read

Загребската полиција денеска добила пријави за поставени бомби во неколку трговски центри, потврди Полициската управа во овој град.

Полицијата веднаш излезе на терен и ги презеде потребните дејствија и мерки за утврдување на вистинитоста на пријавите, водејќи сметка за безбедноста на граѓаните, соопшти полицијата, пренесе Хина.

Пребарувањето на просторот се врши во „City Centеr one East”, „Garden Mall” во населбата Дубрава и „Family Mall” во Јанкомир.

Од полицијата посочуваат дека засега нема место за паника.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Се пиеше „шприцер“ и „бунар“ се јадеa Пилешки прсти и беше многу поубаво“ – скопјани го паметите ли ова време?

Следно

ВИДЕО: Полски хулигани се истепаа меѓу себе на стадион во Холандија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian