Легендарниот италијански фудбалер, Андреа Пирло од денеска е нов тренер на тускиот тим Карагумрук.
Пирло се согласи да потпише едногодишен договор со тускиот тим, а во Истанбул доаѓа по наговор на Винченцо Монтела.
Карагумрук од 2020 година е дел од турската Суперлига, а минатата сезона го освои осмото место во Супер лигата. Ова ќе биде втор тренерски ангажман за Пирло, откако пред две години седеше на клупата на Јувентус.
Пред да ја прифати понудата на тускиот тим, Пирло беше поврзуван и со клупата на српски Партизан.
📣Andrea Pirlo Karagümrük’te pic.twitter.com/p0etFDnxap
— VavaCars Fatih Karagümrük SK (@karagumruk_sk) June 12, 2022