Неверојатна приказна: Пред четири години беше продавач на пазар, а сега е херој на Италија

1 min read

Младиот 23-годишен дефанзивец Фредерико Гати беше херој на италијанската репрезентација во дуелот со Англија во Лигата на нации кој заврши без голови.

Фудбалерот има неверојатна животна приказна за која може слободно да се сними филм бидејќи пред четири години досега играл во серија Д, работел и како продавач на пазар, како ѕидар, како столар.

Гати во јануари потпиша за Јувентус, но до крајот на сезоната играше на позајмица во Фросиноне, а неверојатно е што тој досега не одиграл ниту една минута во Серија А.

Јувентус го купи Гато од Фросиноне за 5,5 милиони евра иако пред шест години настапуваше во шестата по квалитет лига во Италија.

Пред четири години играше во Серија Д за екипата на Вербанија и притоа работеше неколку работи за да „преживее“. Тој беше ѕидар, столар, работеше градежни работи, а кога ќе имаше време одеше на пазар за да работи и како продавач,

Но, минатата сезона заигра за Фросиноне прикажувајќи одлични игри кои го натераа Јувентус да го купи, а летово и да дебитира за италијанската репрезентација.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонските фудбалери ја пречекуваат репрезентацијата на Гибралтар

Следно

Српскиот пејач Енвер Мики Колашинац убиен во Холандија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian