Наоми Кемпбел доживеала непријатна случка на аеродромот во Софија: Причината е расизам?

1 min read

Светски познатиот топ модел Наоми Кемпбел доживеала непријатнa случка на аеродромот во Софија, Бугарија. Имено, познатата манекенка била замолена да се тргне настрана за посебен претрес, пренесува „Дејли Мејл“.

Наоми пристигнала во Бугарија за моден ангажман, а смета дека причината зашто ја одвоиле од останатите патници е расизмот. Споменатиот медиум цитираше извор кој тврди дека Наоми била многу вознемирена на 19 мај, кога се случил инцидент.

Како што се наведува, не се знае дали персоналот кој побарал посебен претрес на нејзините работи се вработени на аеродром или работат во приватна компанија. Манекенката подоцна била видена како го напушта аеродромот со капа на главата, држејќи торба во раката пред да биде однесена со автомобил во луксузен хотел во Софија.

„Беше многу вознемирена. Целиот инцидент многу ја вознемири. Со нетрпение го чекаше возбудливото снимање во Софија, но немилиот настан ја засени работата“, рекол еден од нејзините пријатели.

Расното профилирање се однесува на сомневање, таргетирање или дискриминација на лице врз основа на нивната етничка припадност, религија или национално потекло, а во последниве години се користи поопшто за случаи на стереотипни претпоставки за бојата на кожата на лицето.

Наоми Кемпбел веќе имала непријатно искуство на аеродромот Хитроу, Англија кога била спроведена од аеродромот со лисици по жестока расправија со полицијата. Тогаш кружеа гласини дека славната манекенка се налутила кога член на кабинскиот екипаж ѝ рекол дека нејзиниот багаж не е во авионот затоа што бил претежок.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Федерер не оди во пензија, наскоро се враќа на терените

Следно

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Возете внимателно – влажни коловози и можни одрони

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian