Миркуловски до навивачите: Ви благодарам, вие сте заслужни што стигнав до ова ниво

1 min read

Само еден ден по Кирил Лазаров, уште една македонска ракометна легенда го одигра последниот натпревар во кариерата, тоа е Филип Миркуловски.

Големиот борец кој секогаш даваше „110 отсто“ во националниот дрес и во екипите во кои играше, во последниот натпревар во кариерата постигна два гола во  победата од 30:28 на неговот Вецлар над Минден.

Миркуловски очекувано, во „Ритал“ арената беше испратен на најубав начин, а потоа имаше и проштален говор во кој им се заблагодари на навивачите за поддршката која му ја даваа во текот на годините додека го носеше дресот на Вецлар.

– Ви благодарам што дојдовте, вие бевте дел од мојата кариера и сте заслужни што стигнав до ова ниво. Голема благодарност до Баге кој ме трпеше 20 години и ми беше најголема поддршка. Ви благодарам уште еднаш – рече Миркуловски, кој во иднина ќе биде асистент тренер во Вецлар и во македонската репрезентација.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кајли Миног искрено за „војната“ со Кајли Џенер: Пејачката ја победи милијардерката на суд

Следно

Виц на денот: Забар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian