Медведев од утре ќе биде прв најдобар тенисер на светот, а денеска загуби од 205 играч на ранг-листата

1 min read

Холандскиот тенисер Тим ван Ријтовен е сензационален победник на турнирот во Хертонгенбош откако во финалето го победи Данил Медведев кој од утре ќе биде на првото место на АТП ранг-листата.

Ван Ријтовен кој е 204 тенисер на светот, во финалето славеше со 6:4,6:1, откако претодно во полуфиналето го победи и Феликс Оже-Алиасим, а на турнирот дојде со специјална покана.

Во финалето, Ван Ријтовен веднаш направи брејк и поведе со 2:0 во гемови, но Медведев возврати и израмни на 2:2. Двајцата тенисери потоа го чуваа својот сервис, се до десеттиот гем кога Холанѓанецот одново прави брејк за освојување на сетот.

Во вториот сет, Ван Ријтовен два пати го одезеде сервисот на Медведев и со убедливи 6:1 дојде до конечен триумф.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Видео и фотки со дрон од Скопската железничка, Портата на Скопје е оставена на забот на времето

Следно

Што им носи супер полната месечина на хороскопските знаци: Подгответе се за трансформации во животот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian