Манасков: Ова не беше начин на кој сакав да се простам од Веспрем

1 min read

Крилото на македонската репрезентација, Дејан Манасков го вчера го одигра последниот натпревар во дресот на Веспрем и дуелот нема да го помети по добро бидејќи неговиот тим со голо во последната секунда остана без титулата.

Веспрем загуби со 29:30 од Пик Сегед, а Манасков по пет години поминати во унгарскиот тим, си заминува од екипата.

Манасков преку соијалните мрежи се прости од навивачите  на Веспрем и не го криеше незадоволството од поразот и губењето на титулата во последната секунда.

– Ова не беше начинот на кој сакав да го завршам мојот последен домашен натпревар за Веспрем. Сакам да ви се заблагодарам на вас навивачите за поддршката во овие пет години колку што бев во клубот. Никогаш нема да ве заборавам – напиша Манасков за својот профил на Инстаграм.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ротвајлер руши стереотипи: Женка ротвајлер лула јагне, видеото е преслатко

Следно

Кајли Миног искрено за „војната“ со Кајли Џенер: Пејачката ја победи милијардерката на суд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian