Инцидент на концерт на Хари Стајлс во Глазгов: Обожавател паднал од трибините во публиката

2 mins read

На синоќешниот концерт на Хари Стајлс во Глазгов, Шкотска се случила трагедија откако еден обожавател паднал од горната трибина во публиката, пренесуваат странските медиуми.

Инцидентот се случил околу 22:15 часот додека поранешната ѕвезда на „One Direction“ настапувал на градскиот стадион Ајброкс. Полицијата соопшти дека маж паднал од највисоката трибина на трибината долу пред да заврши настапот. На концертот присуствувале околу 50 илјади луѓе.

„Полицијата беше известена за лице кое паднало од трибините на стадионот во Глазгов околу 22:15 часот во саботата, 11 јуни 2022 година. Немаше сомнителни околности и тој беше прегледан од медицинскиот персонал“, изјавил портпаролот на шкотската полиција за „The Scottish Sun“.

Засега не се знае во каква состојба е повредениот, чие име не е познато. Бројни обожаватели на социјалната мрежа „Твитер“ ја изразија својата загриженост поради инцидентот.

„Сè уште сум во шок по концертот на Хари Стајлс во Ајброкс. Дечкото падна од горната трибина на главната трибина еден ред пред нас. Немаше никакво обезбедување. Морав да трчам до главната врата за да викнам помош. Сите околу нас беа во шок и многу вознемирени. Се надевам дека тој е добро“, напиша еден корисник.

 

Покрај тоа, многу обожаватели ги критикуваа организаторите на концертот на Стајлс, кој е дел од неговата турнеја „Love On“. Големи толпи луѓе чекале во ред со часови за да влезат на концертот.

„Организацијата на вечерашниот концерт на Хари Стајлс беше најлоша што сум ја видел во последните 40 години одење на концерти“, рече еден незадоволен посетител.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

И Миркуловски денеска става крај на големата играчката кариера

Следно

„Слободен печат“: Македонската црква во канонско единство со останатиот православен свет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian