ФОТО | Бил Гејтс и неговата најмлада ќерка се појавија заедно на црвениот тепих

1 min read

Ќерката на Бил Гејтс му се придружи на својот татко на црвениот тепих за време на свечената цермонија на „Time 100“ која се одржа во Њујорк, САД.

Деветнаесетгодишната Фиби воодушеви со моден избор и младешки изглед додека со нејзиниот татко среќно позираа пред собраните фотографи. Фиби носеше тесен металик фустан кој совршено ја истакна нејзината фигура.

Иако е ќерка на еден од најбогатите и највлијателните луѓе во светот, Фиби не е премногу активна на социјалните мрежи. На „Инстаграм“ ја следат нешто повеќе од 100.000 луѓе, а досега со јавноста сподели само 26 објави.

Инаку, Бил Гејтс има три деца, ќерката Џенифер, синот Рори и најмладата ќерка Фиби. Во едно интервју пред неколку години, милијардерот откри дека не планира своето богатство да им го остави на децата.

„Моите деца се многу горди на фактот дека нема да наследат речиси ништо од нашето богатство“, рече Гејтс, откривајќи дека во следните неколку години целиот капитал што го стекнал ќе биде дониран во неговата добротворна организација за искоренување на сиромаштијата и болестите ширум светот.

„Моите деца ќе се образуваат и ќе треба да градат свои кариери и животни патеки. Толку пари би им го уништиле животот. Ќе наследат минимален дел, само за да не осиромашат, а мора да се борат за се друго сами“, рече Гејтс, кој со својата поранешна сопруга Мелинда досега донирале повеќе од 30 милијарди долари во добротворни цели.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Полски хулигани се истепаа меѓу себе на стадион во Холандија

Следно

ФОТО: Премиерот Ковачевски ја проследи Патријаршката и Синодална Света Литургија каде на македонски јазик ги прочита Симболот на верата и молитвата „Оче наш”

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian