Фиџи: Климатските промени се поголема закана од војната

1 min read

Претставниците на Фиџи на Азискиот безбедносен самит предупредија дека климатските промени претставуваат поголема закана за Пацификот отколку воените тензии.

– Митралезите, борбените авиони … не се наша примарна безбедносна грижа. Најголемата закана за нашето постоење се климатските промени, изјави министерот за одбрана на Фиџи, Инија Серуирату за Би-Би-Си.

Самитот во Сингапур се фокусира на тензиите меѓу Кина и САД и војната во Украина, но претставникот на Фиџи укажа на опасноста од климатските промени, потсетувајќи дека циклони во неколку наврати ги погодија Фиџи и другите островски земји на Тихиот Океан.

– Тоа ги загрозува нашите надежи и соништа за просперитет. Луѓето предизвикаа разорни климатски промени, предупреди Серуирату на форумот наречен Шангри-Ла Дијалог.

kurir.mk

Претходно

Маричиќ: Квалитетни судски реформи и дигитализација за европско и модерно судство

Следно

Василев: Не сум слушнал Бугарија да се подготвува да го укине ветото за С Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian