Федерер не оди во пензија, наскоро се враќа на терените

1 min read

Швацарскиот тенисер Рожер Федерер потврди дека „дефинитивно“ се враќа на терените, но нема преголеми очекувања по долгото отстутство поради операцијата на коленото.

Швајцарецот до крајот на годината планира да настапи на Лејвер Купот и на домашниот турнир во Базел што се играат кон крајот на годината.

Федерер кој во август ќе наполни 41 година, нема играно уште од јули минатата година кога испадна во четвртфиналето на Вимблдон од Хуберт Хуркач.

Федерер неодамна потврди дека сака да настапи на Лејвер купот заедно со Рафаел Надал, пред да игра на турнирот во неговиот роден град Базел.

– Да, дефинитивно се враќам. Само не знам како и каде, но тоа ми е идејата. Засега немам ништо планирано по Лејвер купот и турнирот во Базел. Најважно ми е да бидам подготвен за напорните тренинзи – одговори Федерер на прашањето дали ќе игра и во 2023 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Протестен митинг денеска во Скопје: Избегнувајте ги овие неколку улици!

Следно

Наоми Кемпбел доживеала непријатна случка на аеродромот во Софија: Причината е расизам?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian