Ердоган ја отфрли можноста за предвремени избори

1 min read

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на денешната средба со турската младина ја отфрли можноста за распишување предвремени претседателски и парламентарни избори во Турција.

– Опозицијата бара датум за избори. Изборите ќе се одржат во јуни следната година. Нема да има предвремени избори во ноември, рече Ердоган.

Тој го повика опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу, првиот човек на Народно-републиканската партија, „прво да се подготви” и да соопшти дали ќе се кандидира на претседателските избори.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украина воспоставува коридори за извоз на житарки преку Полска и Романија

Следно

Ротвајлер руши стереотипи: Женка ротвајлер лула јагне, видеото е преслатко

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian