Доминација на Ред Бул, дебакл на Ферари во Баку

2 mins read

Возачот на Ред Бул и актуелен шампион Макс Ферстапен, е победник на трката за трката за Големата награда на Азербејџан што се возеше во Баку.

Ферстапен победи пред клупскиот колега Серхио Перез додека последното место на победничкиот подиум го обезбеди Џорџ Расел од Мерцедес.

Покрај победата на Ферстапен, трката ја одбележа и катастрофата на Ферари бидејќи дури четири болиди кои имаа мотори од италијанскиот тим, не ја завршија трката.

Проблемите за Ферари започнаа во деветтиот круг кога откажаа сопирачките на Карлос Саинс додека во 21 круг откажа моторот на Шарл Леклер и тоа во моменти кога беше лидер на трката.

Дебаклот на Ферари, им овозможи на Ферстапен и Перез да дојдат до нова еден-два победа. Идентични проблеми имаа и Гванју Жу и Кевин Макнусен од Хас кои користат мотори на Ферари.

На четвртото место трката ја заврши Луис Хамилтон, додека меѓу најдобрите десет се пласираа Пјер Гасли (Алфа Таури), Себастијан Фетел (Астон Мартин),  Фернандо Алонсо (Алпине), Даниел Рикиардо (Мекларен), Ландо Норис (Мекларен) и Естебан Окон (Алпине).

Ферстапен со победата и 25 бода, ја зголеми предноста во генералниот пласман кај возачите, сега има 150 бода, 21 повеќе од Перез, додека Леклер остана на 116 бода.

Следната трка во во Формула 1 ќе се вози наредниот викенд за Големата награда на Канада на патеката „Жил Вилнев“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Премиерот Ковачевски ја проследи Патријаршката и Синодална Света Литургија каде на македонски јазик ги прочита Симболот на верата и молитвата „Оче наш”

Следно

Стогодишна жена од Италија си ја обновила возачката дозвола: Секоја недела одам на прошетка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian