Црвенковска: Преку дигитализација на системот до високи стандарди на ажурност и професионалност кај судовите

2 mins read

Процесот на дигитализација и трансформација на системот се неопходни за Судскиот совет за во иднина да обезбеди зајакнување на капацитетите на човечките ресури и да постави високи стандарди на ажурност и професионалност кај судиите и судовите, но и она што е важно за граѓаните – да обезбеди пристапност до правдата со крајна цел да се врати довербата во судството, истакна претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска на Европскиот самит за дигитализација на судството кој се одржува во Охрид.

Црвековска во своето излагање истакна дека процесот на дигитализација може да се обезбеди и преку постоечките ресурси и преку континуирано зајакнување на дигиталната опрема, која мора да се обезбедува преку државниот буџет.

Со оглед дека Црвенковска е претседателска и на Судско-буџетскиот совет, таа ја нагласи важноста на финансиите кои судството ги добива од државата и затоа потенцираше дека колку повеќе постои политички консензус околу дигитализацијата и колку повеќе државата инвестира толку процесот на информатичка технологија ќе биде поцелосен и поуспешен, односно ќе ги опфати сите судови и сите процеси низ судството.

– Фокусот на Судскиот совет е да изгради силна и компетентна информатичка структура, која во оваа фаза на процесот се наметнува како нужна. Истовремено, преку дигитализацијата ќе се обезбедат информации и податоци, кои од судовите ќе се слеваат во Судскиот совет, каде што ќе се креираат статистики и политики за ажурноста и ефикасноста на судството, вели Црвенковска.

Таа ја истакна безусловната поддршка на Судскиот совет во процесот на дигитализација и ги охрабри инволвираните да продолжат со своите напори со цел да се постигне целта- дигитално судство кое ќе испорачува брза и ефикасна правда, судство од кое ќе бидат задоволни граѓаните.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Алина Кабаева за првпат во јавноста откако беше наречена „љубовница“ на Путин

Следно

Пушилин тврди дека е завршено деминирањето на Мариупол

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian