Алина Кабаева за првпат во јавноста откако беше наречена „љубовница“ на Путин

2 mins read

Наводната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, гимнастичарката Алина Кабаева била забележана на црноморското одморалиште Сочи за време на тренинг на ритмичка гимнастика за 28 деца.

Алина од почетокот на руската инвазија на Украина се криеше и ретко се појавуваше во јавноста. Таа не ги коментираше санкциите или нејзиниот приватен живот. Ова е нејзино прво појавување во јавноста откако западните власти ја прогласија за тајна љубовница на Путин.

Весникот „Moskovskij Komsomolets“ пишува дека Алина „изгубила многу килограми“.

„Алина сака скапи, елегантни комбинации на облека, кои може да си ги дозволи како член на Националната медиумска група… Таа се појави во бели панталони, блуза со долги ракави во јоргован боја и џемпер во истата боја. Алина ги покри очите со елегантни очила за сонце со бели рамки“, напишаа понатаму.

Ова е првпат таа да биде видена во јавност од април, откако на канал на „Телеграм“ беше наречена „невидливата принцеза“.

„Сан“ тврди: Љубовницата на Путин е бремена по трет пат, рускиот претседател е лут

Неодамна се појавија гласини дека Алина Кабаева е бремена.

„Путин дознал дека неговата љубовница е повторно бремена – и се чини дека тоа не било планирано“, објави рускиот канал „General SVR“, наведувајќи дека рускиот претседател бил бесен.

Да потсетиме, врската меѓу Путин и Алина првпат ја објави „Moskovskij Komsomolets“ во 2008 година, по што Путин негираше дека имал афера со освојувачката на златниот медал. Путин и Алина беа видени и на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година, а и двајцата носеа венчални прстени, што повторно предизвика гласини за наводната врска. Но, ниту еден од нив двајца никогаш не ги потврди гласините, туку напротив постојано ги демантираат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Официјално: Пирло се сели во Турција

Следно

Црвенковска: Преку дигитализација на системот до високи стандарди на ажурност и професионалност кај судовите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian