ВИДЕО | Секс-скандал во Бугарија: Објавена снимка на која наводно Петков ја допира Бориславова за задник

1 min read

Бугарските медиуми објавија скандалозна снимка со која, наводно, се открива љубовната афера меѓу бугарскиот премиер Кирил Петков и неговата шефица на кабинет, Лена Бориславова.

На снимката, која пристигнала до редакцијата на бугарскиот медиум „Пик“, може да се видат две лица кои многу наликуваат на Петков и Бориславова. Имено, мажот и жената се качуваат по скали на станбена зграда, жената оди прва и додека ја отклучува вратата од станот, мажот зад неа ја допира по задникот.

Од редакцијата на „Пик“ не гарантираат за автентичноста на снимката.

Како потсетување, Кирил Петков е оженет и има три деца, а шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова е свршена за пријателот на Петков, Мирослав Иванов.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фон дер Лајен пристигна во Киев на средби со Зеленски и Шмигал

Следно

Рибас:  Македонија е најдобра репрезентација во нашата група

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian