Велика Британија ќе пали ковид опрема во вредност од четири милијарди фунти

1 min read

Британската влада планира да го запали огромното количество неупотреблива лична заштитна опрема купена за време на пандемијата на коронавирусот.

Вредноста се проценува на 4,7 милијарди евра, соопшти вчера надзорната организација за јавна потрошувачка.

Идејата за палење на маски за лице, хируршки наметки и друга лична заштитна опрема не го импресионираше надзорниот одбор.

Комисијата истражува како владата потрошила четири милијарди фунти или 4,7 милијарди евра за лична заштитна опрема што мора да се фрли бидејќи е неисправна или не ги задоволува стандардите на Обединетото кралство.

Собраниската Комисија за јавни набавки соопшти дека владата планира месечно да се ослободува од 15.000 палети опрема со комбинирање на рециклирање и согорување.

„Засега остануваат нејасни трошоците за отстранување на вишокот и неупотребливата опрема, како и влијанието врз животната средина“, наведува Комитетот.

Пат Кален, извршен директор на Кралскиот колеџ за медицински техничари, ја обвини владата дека „претвора милијарди фунти во чад“.

Комитетот откри дека Министерството за здравство во првата година од пандемијата изгубило 75 отсто од 12 милијарди фунти, потрошени за лична заштитна опрема, пред се, поради „надуените цени и неисправните производи“.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Рама со шега за Ковачевски: Ова е премиерот на Западна Бугарија

Следно

Надал е посилен од повредата, ќе игра на Вимблдон?!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian