Џулија Гарнер ќе ја игра Мадона во биографскиот филм, што ќе го режира самата пејачка. Ѕвездата на серијата „Ozark“ и „Inventing Anna“ ја добила улогата по долга аудиција.
Мадона пред две години објави дека ќе се снима филм за нејзиниот живот, при што го напиша сценариото заедно со оскаровката Диабло Коди.
„Сакам да го раскажам неверојатното патување низ кое што ме однесе животот како уметник, музичар, танчер, човечко суштество. Има толку многу непознати и инспиративни приказни, а кој може подобро да ги раскаже од мене“, истакнала Мадона.
Дваесет и осумгодишната Гарнер освои две награди Еми за „Ozark“, а во изминатиот период беше актуелна со серијата „Inventing Anna“.
Извор: espreso.mk