Уапсен фудбалер на Штутгарт на Ибица, обвинет е за силување

1 min read

Фудбалерот на Штутгарт, Атакан Каразор е уапсен на Ибица поради обвинение дека силувал 18-годишна девојка.

Според пишувањата на медиумите, девојката имала видливи повреди на телото и завршила во болница, а Каразор и уште едно лице од средата се наоѓаат во притвор на Ибица каде чекаат да бидат сослушани по што ќе се донесе одлука дали ќе бидат задржани во притвор или ќе им се дозволи да платат кауција.

– Двајца германски државјани се уапсени откао една жена пријавила во полиција дека била сексуално нападната на Ибица – изјави портпаролот на Цивилната гарда во Ибица.

Идентитетот на фудбалерот го откри неговиот клуб Штутгарт

– Атакан Каразор е уапсен додека бил на одмор на Ибица. Тој негира било какви криминални активности, а клубот е во постојан контакт со него – соопшти бундеслигашот.

Атакан Каразот минатата сезона настапи на 24 натпревари за Штутгарт во Бундеслигата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косово до крајот на годинава ќе аплицира за членство во ЕУ

Следно

Бизарна смрт: Славната инфлуенсерка почина од гушење со ќебапи и ориз

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian