Тајгер Вудс нов член во клубот на милијардери

1 min read

Најпознатиот голфер на денешницата, Тајгер Вудс им се придружи на Леброн Џејмс и Мајкл Џордан меѓу спортистите кои влегоа во кругот на милијардери, објави денеска магазинот „Форбс“.

Вудс, кој оваа пролет му се врати на голфот по тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа минатата година, во кариерата заработи околу 1,7 милијарди долари. Околу 90 отсто од неговата заработка доаѓа од бројни рекламни договори и други инвестиции надвор од голфот.

Според „Форбс“, Вудс е најбогатиот спортист на планетата, пред Леброн Џејмс и Мајкл Џордан.

Вудс го откажа учеството на Отвореното првенство на САД оваа година поради последиците од повредите здобиени во сообраќајна несреќа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Градските власти на Пекинг предупредија на ново „експлозивно“ жариште на Ковид-19

Следно

Ребел Вилсон објави дека е во истополова врска: Мислев дека го барам принцот…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian