СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нека бара оставка од својот лидер Мицкоски, тој прифати резолуција на ЕПП со бугарски ставови

1 min read

„ВМРО-ДПМНЕ оставка може да побара единствено од Христијан Мицкоски кој учествуваше на Конгрес на ЕПП, каде беше усвоена резолуција која ги промовира ставовите на Бугарија“, велат од СДСМ, откако опозициската партија побара оставка од премиерот Димитар Ковачевски по случката во Солун, кога албанскиот премиер Еди Рама на шега го нарече Ковачевски „иден премиер на Западна Бугарија“.

Еве ја реакцијата од СДСМ:

„ВМРО ДПМНЕ едно зборуваат дома а сосем друго надвор, а работат против интересите на земјава. Денеска ВМРО-ДПМНЕ се обиде да извртува иронична изјава на премиерот на Албанија, чиј сарказам е познат во јавноста и се однесува на блокадата на Република Бугарија и односот кон процесот на проширување на ЕУ. Неговиот сарказам и иронија се јавни и познати, но, не се и никогаш не биле насочени кон нашата земја, напротив. И за време на Самитот на Опен Балкан и претходно, Рама е иронечен за блокадата на Бугарија за нашата земја, којашто ја блокора и Албанија. Ставовите на премиерот Ковачевски во однос на блокадата на Бугарија, за нашите позиции и во однос на ЕУ, се добро познати на јавноста“, се вели во соопштението од владејачката партија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рита Ора ќе се мажи: Пејачката и режисерот Таика Ваитити планираат мала церемонија

Следно

Австрија нема да ја прифати Украина во ЕУ без Западен Балкан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian