Според таблоидите, британската пејачка Рита Ора и режисерот оскаровец Таика Ваитити од Нов Зеланд планираат мала церемонија во странство пред да прослават со своите колеги од холивудската А-листа со големата забава во Лондон подоцна оваа година.
Веќе подолг период се шушка дека 31-годипната Рита Ора и 46-годишниот Таика Ваитити наводно се подготвени да се венчаат откога речиси истовремено си го поставија прашањето еден на друг.

Рита и Таика почнаа љубовна врска во март 2021 година кога се запознаа во Австралија, а набргу почна да се шпекулира дека нивнта врска се движи толку бргу што почнале да разговараат за брак, изјави извор за „New Idea“.
„Таика постојано ја нарекува Рита своја жена и зборува за тоа дека тој ќе биде нејзиниот прв и последен сопруг“, открил инсајдерот.
Во тоа време, Рита, наводно почнала да се шегува за брза „хипи-дипи“ церемонија во Калифорнија, а подоцна да слави со голема забава.
Извор: espreso.mk