Рибас:  Македонија е најдобра репрезентација во нашата група

1 min read

Селекторот на фудбалската репрезентација на Гибралтар, Хулио Цезар Рибас, вели дека неговите избраници ќе се обидат да направат уште една сензација во настапите во Лигата на нации, да останат непоразени на утрешниот натпревар против Македонија.

Гибралтар во четвртокот одигра 1:1 против Бугарија, а Рибас се надева дека неговите фудбалери ќе остварат подобар резултат од тој кога пред четири години играа во Скопје и загубија со 4:0.

– Убаво е да се биде повторно во Скопје, го оставаме зад себе натпреварот  со Бугарија и се фокусираме на дуелот со Македонија. За мене, Македонија е најдобриот тим во групата, имаше одлични резултати во последните десет месеци, посебно добрите игри со Италија и Португалија во март. Задоволство е да се биде овде и со нетрпение го очекуваме натпреварот – рече Рибас

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Секс-скандал во Бугарија: Објавена снимка на која наводно Петков ја допира Бориславова за задник

Следно

ФОТО | Бритни Спирс се омажи по третпат: На гламурозната венчавка беа Мадона, Донатела Версаче, Селена Гомез…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian