Режисерот на продолжението на „And Just Like That“ откри дали ќе се врати важен лик

2 mins read

Во пресрет на претстојните продолженија на серијата „And Just Like That“, режисерот на серијата Мајкл Патрик Кинг откри неколку детали, а меѓу другото го потврди и враќањето на ликот na Саманта кој го толкува актерката Ким Катрал.

На прашањето дали Саманта ќе се појави во втората сезона, Кинг накратко изјави за „Variety“: „Да!“, без да прецизира дали Саманта ќе се појави лично или повторно само „по телефон“.

Режисерот е прилично таинствен за деталите за претстојната сезона

„Сега сè е толку ново“, објасни тој. „Едно од моите големи правила е „Не ги кажувај работите додека не станат реалност“. Мојата цел е да ги спојам сите ликови, да не бидат на толку различни патишта“, истакна режисерот.

Да потсетиме, во првата сезона на „And Just Like That“, Саманта беше присутна само во комуникација со смс пораки, кои ги разменуваше со Кери Бредшо.

Иако 65-годишната Катрал претходно изјави дека не планира да се врати во новите продолженија, режисерот ѝ остави простор нагласувајќи дека вратата ѝ е „отворена“.

Зошто Ким Картал не сака да се врати на култната четворка?

Претходно овој месец, Сара Џесика Паркер рече дека е многу тешко да се зборува за односот со Катрал кој исто така се смета дека е една од причините зошто актерката одбива да се врати во серијата.

Актерката Ким Картал наведе дека главната причина зошто не сака да учествува во продолженијата се сцените кои денес не се соодветни за нејзината возраст, имајќи го предвид ликот што го толкуваше во „Sex and the City“.

Втората сезона на серијата „And Just Like That“ започнува со снимање во октомври оваа година, со цел емитување да започне следното лето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Црна Гора „остро“ против санкционираните Руси – им заплени 44 имоти

Следно

Радев побара од Шолц ЕУ да гарантира за „правата на Бугарите“ во Северна Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian