Ребел Вилсон објави дека е во истополова врска: Мислев дека го барам принцот…

1 min read

Актерката Ребел Вилсон на својот официјален инстаграм-профил објави важна вест за нејзиниот љубовен живот. Таа потврди дека е во врска со Рамона Агрумa, дизајнерка на облека и накит и сопственичка на брендот „Lemon Ve Limon“.

„Мислев дека го барам мојот принц од филмовите на Дизни… Но, можеби она што цело време ми требало била принцезата“, напиша 42-годишната актерка во описот на фотографијата со својата девојка.

Објавата ги воодушеви следбениците на актерката кои веднаш почнаа да коментираат под објавата.

„Многу сум среќна за вас двете“, „Прекрасен и динамичен пар“, „Ве сакам“, „Љубовта е љубов“, „Сладок пар“, се некои од коментарите.

Ребел и Рамона во изминатите неколку месеци се појавуваа заедно на голем број настани, но сите мислеа дека се само добри пријатели. Тие заедно прошетаа и на црвениот тепих во март на забавата на „Vanity Fair“.

Пред Рамона, актерката беше во врска со Џејкоб Буш и нивната врска започна непосредно пред пандемијата на коронавирусот. Заедно се појавија во јавноста за првпат на црвениот тепих во Монако, но таа љубов не траеше долго.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тајгер Вудс нов член во клубот на милијардери

Следно

ВИДЕО | Рама со шега за Ковачевски: Ова е премиерот на Западна Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian