Рама: Мојата досетка за Ковачевски беше сарказам за Бугарија и иронија со ЕУ

1 min read

Сарказам и иронија, велат од кабинетот на претседателот на Владата на Албанија во врска со шегата што во Солун ја направи албанскиот премиер Еди Рама, кога на германскиот канцелар Олаф Шолц му го претстави македонскиот премиер Димитар Ковачевски како „иден премиер на западна Бугарија“.

Случката, по која следуваше смеа од присутните, како и од самиот Ковачевски, од ВМРО-ДПМНЕ е протолкувана како голем скандал и се побара оставка од македонскиот премиер.

„Тоа е сарказам во однос на Бугарија и иронија со Европската Унија. Неформална,” одговориле за ТВ21 од кабинетот на премиерот Еди Рама.

Инаку, на видеото се гледа како пред вечерата по завршувањето на Самитот на земјите од Процесот на Југоисточна Европа, домаќинот, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на германскиот канцелар Олаф Шолц му ги претставува високите гости. Кога доаѓа ред за македонскиот премиер, Мицотакис вели „Тоа е премиерот на Северна Македонија“, а албанскиот премиер Еди Рама, видно расположен и со чашка во раката, го дополни Мицотакис со зборовите „иден премиер на западна Бугарија“, по што следуваше смеење од присутните.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Историјата се повторува: Мадона и Бритни Спирс се бакнаа на нејзината венчавка

Следно

Украина помогнала во обновувањето на интернет врските меѓу МААЕ и заземената нуклеарка во Запорожје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian