Радев побара од Шолц ЕУ да гарантира за „правата на Бугарите“ во Северна Македонија

1 min read

Во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија не станува збор само за историски спор, важно е и почитувањето на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ, вклучително и човековите права и недискриминацијата. Ова се неопходни услови кои Северна Македонија мора да ги исполни пред да ги започне преговорите за членство во ЕУ, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател Румен Радев по неговата средба со германскиот канцелар Олаф Шолц во Софија.

Како што јави дописникот на МИА, Радев на средбата со Шолц инсистирал ЕУ да биде гарант „за почитување на правата на Бугарите во Северна Македонија“.

„Неопходни се јасни механизми и мерливи критериуми за следење на преговарачкиот процес, што ќе доведе до одржливост во исполнувањето на критериумите за членство на Северна Македонија во ЕУ“, посочил Радев.

Тој, како што се наведува во соопштението, ја нагласил и „важноста од зачувување на бугарското културно и историско наследство во Република Северна Македонија”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Режисерот на продолжението на „And Just Like That“ откри дали ќе се врати важен лик

Следно

Готово е: Ливерпул договори екстра напаѓач поради кој ќе го собори клупскиот рекорд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian