Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

1 min read

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. УВ=5

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 23 степени.

До понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови и за изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град. Од вторник ќе настапи стабилизација со пораст на дневната температура.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 11 јуни: Никој не е безгрешен или совршен

Следно

ВИДЕО | Германскиот канцелар Олаф Шолц пристигна во официјална посета на Северна Македонија

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian