Повторно „нула“ меѓу Англија и Италија, овој пат во Лигата на нации

2 mins read

елекциите на Англија и на Италија одиграа без голови во дербито на третото коло од дивизијата А во Лигата на нации.

Овој дуел воедно претставуваше и реприза од финалето на Европското првенство кое минатото лето се играше во Лондон и кое заврши 1:1 во регуларниот дел, а „аѕурите“ ја освоија титулата по пенал рулетот.

Овој пат, двајцата селектори Герет Саутгејт и Роберто Манчини одлучија да не настапат со најсилните состави, а и покрај тоа што немаше голови, имаше возбудувања.

Во воведните минути и двете селекции имаа по една шанса, Фратези и Абрахам не успеаја да постигнат гол. До крајот на првиот дел и двете селекции имаа уште неколку шанси, Англичаните преку Стерлинг, Грилиш и Маунт, а Скамака и Песина кај Италијанците, но мрежите мируваа.

Во второто полувреме се играше со намален интензитет, а најблиску до гол беше Рахим Стерлинг кој од неколку метри промаши празен гол во 52 минута.

Во вториот натпревар во групата 3, Унгарија и Германија одиграа 1:1 во Будимпешта. Унгарците поведоа во шестата минута со голот на Жолт Наѓи, а три минути подоцна Германија дојде до израмнување преку Јонас Хофман.

Во групата 4, Холандија и Полска постигнаа четири гола, но на крајот немаше победник.
Полјаците поведоа со голот на Кеш, а Зјелински  во 49 минута зголеми на 0:2. Но, Холанѓаните не се предадоа и за само три минути успеаја да дојдат до израмнување. Прво Класен во 51 минута намали на 1:2, а Дамфрис во 54 минута го постави конечниот резултат.

Без победник заврши и натпреварот меѓу Велс и Белгија (1:1) во кој повторно гостите поведоа. Белгија со голот на Тилеманс во 51 минута поведе со 0:1, но Џонсон во финишот од натпреварот го спаси Велс од пораз.

Резултати:
Дивизија А
Група 3
Англија – Италија 0:0
Унгарија – Германија 1:1

Група 4
Холандија – Полска 2:2
Велс – Белгија 1:1

Дивизија Б
Група 1
Украина – Ерменија 3:0
Република Ирска – Шкотска 3:0

Група 3
Црна Гора – БиХ 1:1
Романија – Финска 1:0

Дивизија Ц
Фарски Острови – Литванија 2:1
Луксембург – Турција 0:2

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Страотно невреме и поплава во Турција, има загинати и исчезнати во Анкара

Следно

На граница на лудилото: Чудниот живот на „последниот волшебник“ Исак Њутн

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian