Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

1 min read

Судот во Боливија ја прогласи поранешната претседателка Жанин Ањес за виновна за организирање државен удар со кој дојде на власт за време на политичката криза во 2019 година, и ја осуди на десет години затвор.

Судот ја прогласи Ањес (54), која ја водеше Боливија од 2019 до 2020 година по Ево Моралес, виновна за носење неуставни одлуки и занемарување на нејзините должности.

Обвинителството соопшти дека Ањес, поранешна десничарска сенаторка, ги прекршила нормите кои го гарантираат уставниот и демократскиот поредок по претседателските избори во Боливија во 2019 година.

Ањес постојано тврдеше дека е жртва на политичка одмазда.

kurir.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Одрон на патот Росоман – Прилеп, а сообраќајот е во прекин со часови

Следно

Бесплатни градинки во Карпош, советот на општина Карпош ја прифати иницијативата на Левица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian