Надал е посилен од повредата, ќе игра на Вимблдон?!

1 min read

Шампионот од Ролан Гарос, Рафаел Надал најверојатно ќе настапи на следниот гренд слем турнир, Вимблдон, порача вујото на тенисерот, Тони Надал.

Учеството на Надал е под знак на прашање по триумфот на Шпанецот на Ролан Гарос бидејќи две недели играше под инјекции поради болките во стапалото, а потоа замина на ризичен лекарски третман.

Надал минатата недела изјави дека паузата од тенисот може да биде подолга и да го прескокне Вимблдон, но неговиот вујко има поинакво мислење.

– Рафа ми рече дека се чувствува подобро. Мислам дека ќе игра на Вимблдон  – изјави Тони Надал кој додаде дека неговиот внук веќе од понеделник ќе започне со тренинзи на трева во Мајорка.

Вимблдон треба да се игра од 27 јуни до 10 јули, а титулата ќе ја брани Новак Ѓоковиќ.
Тони Надал смета дека доколку Рафа настапи на Вимблдон, тој ќе биде еден од фаворитите за титулата.

– И понатаму мислам дека Рафа е еден од главните фаворити за триумф на Вимблдон. Тој во Лондон играше на пет финалиња по ред – додаде Тони Надал.

Рафаел Надал има два триумфи на Вимблдон, во 2008 и во 2010 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Велика Британија ќе пали ковид опрема во вредност од четири милијарди фунти

Следно

ВИДЕО | Џастин Бибер ги откажа настапите поради болест: Половина лице му е парализирано

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian