Манасков и Веспрем останаа без титулата во Унгарија поради гол во последната сезона

1 min read

Македонскиот репрезентатиец Дејан Манасков и неговиот тим Веспрем доживеаја вистински шок откако денеска загубија на домашен терен од Пик Сегед со 29:30 и останаа без титулата во унгарскиот шампионат.

Во првиот натпревар од финалето, Веспрем како гостин го совлада Пик Сегед со 29:28 и имаше можност пред своите гледачи да го прослави освојувањето на новата титула, но така не мислеа гостинските ракометари.

Пик Сегед славеше со 29:30 и поради постигнати повеќе голови на гости ја освои титулата. Веспрем имаше се во свои раце, во последната минута при резултат 29:29 имаше напад за победа и титула кој не го искористи поради почетничка грешка на пикерот по што Рошта во последната секунда постигна гол и му донесе титула на Пик Сегед.

Манасков постигна два гола, двата во второто полувреме, додека најзаслужен за победата на Пик Сегед беше голманот Миклер со 15 успешни интервенции.

Веспрем ќе има уште една можност да крене шампионски пехар сезонава, унгарскиот тим наредниот викенд ќе игра на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн. Противник на Веспрем во полуфиналето на фајнал-фор турнирот ќе му биде екипата на Киелце.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хајдаи: Русите предизвикаа пожар во фабриката „Азот“ во Севернодоњецк, се излеа тон нафта

Следно

ВИДЕО: Страотно невреме и поплава во Турција, има загинати и исчезнати во Анкара

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian