Леклер најбрз во квалификациите пред трката за ГН на Азербејџан

1 min read

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја освои пол позицијата пред трката за Големата награда на Азербејџан, која е осма во сезоната.

Леклер на улиците низ главниот град на Азерејџан, Баку, дојде до шестата пол позиција сезона, а вкупно 15 во кариерата со одлично извозен круг во време од 1:41.359 минути на утрешната трка ќе стартува од првата позиција.

Веднаш зад Леклер во квалификациите се најдоа возачите на Ред Бул, Серхио Перез и Макс Ферстапен. Перез беше за 65 илјадити делови од секундата побрз од својот клупски колега и утре ќе стартува од првиот ред.

Четврто најдобро време имаше вториот возач на Ферари, Карлос Саинс јуниор со што уште еднаш се потврди доминацијата на италијанскиот тим и на Ред Бул сезонава.

Петтото место му припадна на возачот на Мерцедес, Џорџ Расел кој имаше дури 1.3 секунди послаб круг од Леклер, а шести е Пјер Гасло од Алфа Таури. Луис Хамилтон го освои седмото место, а до десеттата позиција се најдоа Јуки Цунода од Алфа Таури и двајцата поранешни Формула 1 шампиони, Себастијан Фетел и Фернадо Алонсо.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украина помогнала во обновувањето на интернет врските меѓу МААЕ и заземената нуклеарка во Запорожје

Следно

Рита Ора ќе се мажи: Пејачката и режисерот Таика Ваитити планираат мала церемонија

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian