Крај на сагата, Роналдо ослободен од обвинението за силување

1 min read

Судијката на окружниот суд во Лас Вегас, Џенифер Дорси ја отфрли граѓанската тужба поднесена од поранешната манекенка Кетрин Мајорга против Кристијано Роналдо за силување што се случило во 2009 година поради „незаконски“ постапки на нејзиниот адвокат Лесли Марк Стовал.

Судијката донесе конечна одлука дека случајот не може да продолжи бидејќи доказите што ги користел адвокатскиот тим на Мајорга биле добиени преку украдени или биле стекнати на друг незаконски начин, а меѓу нив била и комуникацијата на Роналдо со неговите адвокати.

-Сметам дека добивањето и користењето на овие документи било со лоша намера. Незаконски присвоените документи и нивната доверлива содржина се дел од обвинението на Мајорга – рече судијката Дорси.

Мајорга го обвини Роналдо дека ја силувал во хотелска соба во Лас Вегас во 2009 година и дека и платил 375.000 долари за да молчи. Судот во Лас Вегас уште во 2019 година одлучи да не го гони кривично Роналдо поради недостаток на докази.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На граница на лудилото: Чудниот живот на „последниот волшебник“ Исак Њутн

Следно

Виц на денот: Луд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian