Кој е Филип Ѓоревски – не е Дедо мраз, но ја исполни најголемата желба на аеродромци!

3 mins read

Пред неколку месеци заборавен, а денес со уште една нова титула. Од пред неколку месеци на првата позиција во МЗТ со одлука на градоначалникот Тимчо Муцунски, седна Филип Ѓоревски. 

Во само неколку месеци МЗТ Скопје од тим кој не блескаше во полн сјај стана екипа кога ја исполни целта, ја завери една од најдобрите сезони во изминатите пет години. Одбрана на титулата во Македонија и враќање во АБА елита. Ова беше желбата на секој спортски фанатик од Аеродром. И, покрај тоа што не е Дедо Мраз, Филип Ѓоревски ја исполни оваа желба.

Ако го вратиме филмот таму некаде во декември. Се наликуваше на катастрофа, неуспех и бламажа. Нова локална власт, нови промени, сопки од оние преходните кои правеа после нив да биде потоп. Врелиот „компир“ беше даден во рацете на Филип Ѓоревски, кој дојде на функцијата извршен директор со амин на градоначалникот Тимчо Муцунски.

Многумина тогаш беа скепцтици. Пишуваа и критикуваа, велеа дека „работите тешко дека ќе тргнат напред“. 

Но, тргнаа некако работите. 

Се врати Војдан Стојановски се случи неуспехот во Купот од ТФТ и тогаш беше пресечено. Александар Петровиќ дојде на местото од Дарко Радуловиќ.

Потегот на Ѓоревски со кој се спаси и сезоната и се испоплни сонот, а тоа е МЗТ да се врати во елитната АБА лига. Аеродром беше домаќин на завршниот турнир, МЗТ играше финале но имаше и среќа затоа што поразот од Златибор беше само слатка мака со вкус на АБА 1.

И што ли не само претрпе Филип Ѓоревски во тие моменти кога го загуби Купот. Од навреди, од критики од се и сешто. Од спортски до нечовечки напади кои ги издржа стоејќи на нозе и со желба да им врати на сите тие кои претходните години имаа неуспешни сеозони, пливаа во второлигашкото јадранско друштво без шанса да го вратат полниот сјај, беа јаки на „Фејсбук“ и сето тоа го прикриваа со бајки на социјалните мрежи со домашна титула и со многу потрошени пари.

Сега после и исполнетата желба на аеродромци, но и на многумина скопјани останува да му посакаме успех во понатамошната работа. Уште многу среќа во иднина со МЗТ и уште голем број домашни и регионални победи. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Австрија нема да ја прифати Украина во ЕУ без Западен Балкан

Следно

Косово до крајот на годинава ќе аплицира за членство во ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian