Готово е: Ливерпул договори екстра напаѓач поради кој ќе го собори клупскиот рекорд

1 min read

Европскиот и англиски вицешампион, Ливерпул денеска го договори трансферот на напаѓачот на Бенфика и на уругвајската репрезентација, Дарвин Нуњез.

Оваа вест ја потврди новинарот кој е специјалист за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо кој објави дека Ливерпул за трансферот ќе плати рекордни за англискиот тим 100 милиони евра.

Ливерпул се согласи да плати 80 милиони евра веднаш како обесштетување и дополнителни 20 милиони во лесно остварливи бонуси. Нуњез претходно ги договори личните услови со Ливерпул и откако ќе ги помине лекарските прегледи идната недела, ќе потпише петгодишен договор.

Ова воедно ќе биде и најголем трансфер во клупската историја на Ливерпул, досегашниот рекорд го држи Вирџил ван Дајк кој дојде на „Енфилд“ од Саутемптон за 84 милиони евра.

Дарвин Нуњез има 22 години, а за Бенфика настапува од 2020 година кога за 24 милиони евра беше досесен од Алмерија. За репрезентацијата на Уругвај има 11 настапи на кои даде два гола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Радев побара од Шолц ЕУ да гарантира за „правата на Бугарите“ во Северна Македонија

Следно

Плевнелиев: Радев е претседател на русофилите, ама Петков мора да го реши спорот со С. Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian