Блокиран е патот Росоман – Прилеп, а сообраќајот е во прекин со часови.
Според информациите кои ги добивме од СВР Кавадарци, се работи за голем одрон на патот помеѓу Росоман и Прилеп кај месноста „Трите ленти“.
Изведувачот на новиот пат работи со механизација на расчистување на патот.
Претпоставка е дека сообраќајот ќе биде во прекин од пет до шест часа.