ФОТО | Историјата се повторува: Мадона и Бритни Спирс се бакнаа на нејзината венчавка

1 min read

На венчавката на поп-принцезата Бритни Спирс во петокот, Бритни и поп-кралицата Мадона го повторија својот славен сценски бакнеж, кој го разменија на доделувањето на наградите на MTV во 2003 година.

Бритни и Мадона тогаш, пред речиси две децении, заедно со Кристина Агилера го изведоа хитот на Мадона „Like a Virgin“. За време на настапот, на кој присуствуваа поранешното момче на Бритни Спирс, Џастин Тимберлејк и тогашниот сопруг на Мадона, Гај Ричи, Мадона ги бакна Бритни и Кристина во уста.

Фото: Профимедиа

Мадона, по вчерашната венчавка на Бритни на Инстаграм објави фотографии на кои таа и Бритни повторно се бакнуваат, овој пат на свадбената прослава на поп-принцезата.

Бритни Спирс се омажи за Сем Ашгари, фитнес тренер и модел, во нејзиниот дом во Лос Анџелес.

„Бритни, изгледаш толку среќно и вљубено. Тебе и на Сем ви посакувам сѐ најдобро!“, напиша Мадона.

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс се обидел да ѝ ја уништи свадбата: Полицијата го уапсила

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Потоп во Босна, се излеаја неколку реки, поплавени се стотици куќи и објекти

Следно

Рама: Мојата досетка за Ковачевски беше сарказам за Бугарија и иронија со ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian